СМС ПОРАКИ – ЗАЕВ ДО БОКИ 13: ГИ ВИДОВ ДОКАЗИТЕ, ОВА Е ЧИСТ РЕКЕТ
Бојан Јовановски лани се допишувал со тогашниот премиер Зоран Заев. Во неколку наврати го замолува за средба, уверувајќи го дека не го злоупотребил неговото име. Пораките во форма на фотографија ги испратил на неговата мајка, Јасмина Јовановска во средината на април 2019 година.
-Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите, пишува Боки до Заев.
Тогашниот премиер му враќа дека како претседател на Влада се залага за правна држава.
-Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е!, напишал Заев.
Јовановски пак му пишува:
-Уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, пишал Јовановски.
Заев, пак, му враќа:
“Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!”
