СДСМ ГО ОСУДУВА НАСИЛСТВОТО И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ПРЕД СОБРАНИЕТО И ПОВИКУВА НА СМИРЕНОСТ, ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НЕКОЈ ДА ЈА ЗАГРОЗИ ИДНИНАТА

//

СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.

Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Очигледно е дека одредени субјекти кои работат спротивно од интересите на државата и граѓаните сакаат да го повторат насилството од 27 април, на кое му претходеа слични повици и активности.
Апелираме до сите актери да се воздржат од говор на омрза, навреди, повици за насилство и на демократски начин да го изразуваат мислењето.

Граѓаните треба да бидат смирени и да не подлегнуваат на провокациите. Институциите имаат капацитет соодветно, професионално, неселективно и во рамки на законските надлежности да одговорат на сите предизвици.

Да не дозволиме поразените деструктивни сили од минатото, остатоците од срушениот режим да ја загрозат македонската иднина, иднината на граѓаните, на државата.
Нема враќање назад кон мрачното време на страв, омраза, понижени граѓани и изолација.

Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Претходна статија

ЈА ЗАПАЛИЛЕ КОЛАТА НА ПРАТЕНИКОТ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ ОД ПРИЛЕП

Следна статија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПОТЕНЦИРА ДЕКА ГО ПОЧИТУВА ПРАВОТО НА МИРЕН ПРОТЕСТ, НО НЕМА ДА ДОЗВОЛИ УПОТРЕБА НА СИЛА

Најново од Вести