(ВИДЕО)РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА: НЕКОЈ КОРИСТИ ОДРЕДЕНИ ГРУПИ НА ЛУЃЕ ЗА БУКВАЛНО СИГУРНО НАСИЛСТВО АМА НА ДАЛЕЧИНА ОД НИВ
Вчера во „Печат на неделата” на 1ТВ, гостуваше министерката за надворешни работи, Радмила Шекеринска:
„Имавме луѓе кои што беа горди на својот успех тоа се читаше на лицата на сите. Видовме луѓе кои сакаат нашите две држави да свртат нова страница тоа беше видливо кај говорниците кај премиерите тоа беше видливо кај министрите. Верувајте ми тоа беше многу видливо и кај публиката. И исто така ги имавме и европските колеги кои што не можеа да поверуваат дека ова навистина се случува…
Нашата обврска е да го гарантираме правото на протест но наша обврска е и да гарантираме дека правото на протест ќе се одвива по сите демократски уставни законски правила и независи. Погледнете на пример што се случуваше во Битола. Немаше таму насилство. Но факт е дека некој користи одредени групи на луѓе за буквално сигурно насилство ама на далечина од нив. Таквиот тип на однесување и од страна на поединците кои што го сториле насилството особено овој напад врз медиумите или врз снимателите е неприфатливо…