|

Тренчевска: Заедно, да направиме нашите гласови да се слушнат, нашите соништа да се реализираат

Во Општина Кривогаштани се одржа последниот настан на кампањата „Гласна и храбра 2“ која имаше за цел охрабрување на жените и поттикнување за нивно поголемо вклучување на пазарот на трудот.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го отвори главниот дел на настанот и се обрати на граѓаните.

„Со оваа кампања ги рушевме бариерите и вкоренатите стереотипи. Ги засиливме гласовите во сите сфери на животот, од маргинализираните жени до најхрабрите. Се залагаме за каузата за зајакнување, ја подигнавме свеста за важноста на благосостојбата и се залагаме за поголема вклученост на пазарот на трудот“ изјави Тренчевска.

Таа објасни дека во првата година министерството застана во солидарност со жените кои се соочуваат со најголемите предизвици, оние од маргинализираните групи и оние кои преживеале насилство и истакна дека низ нејзините активности и гласност ги потсетува жените дека не се сами и дека соништата на секоја жена се подеднакво важни.

„Во нашата втора година, го префрливме нашиот фокусот на жени со неообични професии, жени од руралните средини чии приказни остануваат нераскажани, славејќи ги лидерките на промените. Ја однесовме нашата порака до срцето на руралните заедници, докажувајќи дека величенственоста не познава граници. Нашата одлука да го одржиме овој настан во општина Кривогаштани, е доказ за гостопримливоста на општината затоа што изминатата година бевме тука гости на 9ти март, самиот настан беше наша мотивација и уште лани со тимот одлучивме дека последна станица на оваа кампања ќе биде токму оваа општина. Токму со одлука за несекојдневен настан овде во Кривогаштани докажуваме дека соништата и реалноста се на еднаква позиција доколку имаме верба во нашите постапки“ изјави Тренчевска.

„Заедно, да направиме нашите гласови да се слушнат, нашите соништа да се реализираат и нашиот свет да се трансформира во праведен свет, свет на еднакви можности“ изјави Тренчевска.

Настанот беше реализиран во два дела. Првиот дел беше саем од занаетчики и производителки на храна, додека во вториот дел публиката ја забавуваше Камерниот оркестар од Битола.



Слични Објави