Перев: Некои Македонци ја чувствуваат Русија како последен бастион за заштита од Бугарија и нејзините барања

//

Некои од Mакедонците ја чувствуваат Русија како последниот бастион за заштита од Бугарија и нејзините барања за правата на македонските бугари. Има и емотивен однос кон русизираната Србија, но македонското србоманство личи на бугарското русофилство – има големи желби, а никакви можности да ги спроведе. Ова во интервју за Радио Благоевград го изјави Владимир Перев, колумнист и соработник на порталот Трибуна.

Перев пред уредничката на Радио Благоевград Бојка Браткова даде коментар и неодамнешната посета на неколку друштва и една политичка партија на македонски Бугари во Софија, потенцирајќи ја средбата со претседателот Радев и партијата „Движење за права и слободи“ и нејзиниот лидер Мустафа Карадаја.

„Навредлив кон нас беше односот на лидерот на партијата “Движение за права и свободи“, Мустафа Карадаја. Но, треба да се знае дека ние не одиме во Бугарија за да МОЛИМЕ за некаква помош и заштита, ние таму одиме за да БАРАМЕ бугарската држава да си ги исполни обврските кон дел од својот бугарски народ во Македонија. Председателот на Бугарија е вистинската светла точка во овој момент и ние сме сигурни дека тој до крај ќе остане на своите позиции по однос на влегувањето на македонските бугари во нашиот Устав“, истакна Перев. 

Колумнистот на Трибуна изрази мислење дека некои од членовите на нерегистрираната ОМО Илинден-Пирин, треба да поминат во Македонија барем една година за да видат каква е нетрпеливоста кон Бугарите во Македонија и воопшто кон Бугарија.

„Би требало некои од членовите на нерегистрираната ОМО Илинден-Пирин, да поминат во Македонија барем една година, за да видат колкав е обемот на нетрпеливост кон Бугарите во македонија и воопшто кон Бугарија.



Слушнете го целиот аудио запис од интервјуто на Радио Благоевград со новинараката Бојка Браткова во материјалот што следи:



Претходна статија

Во Софија утре состанок на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото

Следна статија

Јанакиески призна вина за кинеските автобуси, осуден на условна казна, Јанушев не го разбира обвинението

Најново од Вести