ЈА ЗАПАЛИЛЕ КОЛАТА НА ПРАТЕНИКОТ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ ОД ПРИЛЕП
Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23.00 часот било опожарено од непознати сторители. Локвенец вчера беше во Преспа беше дел од делегацијата за потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција. Екипа на Територијалната противпожарна единица-Прилеп го изгаснала пожарот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

