| |

ЛЕКАРИ УТВРДИЈА ДЕКА БОКИ 13 МОЖЕ ДА ГО СЛЕДИ СУДЕЊЕТО, БОЛЕДУВА ОД ГАСТРИТИС, А НЕ ОД КАНЦЕР

Судијката Васка Николовска-Масевска во судницата го прочита извесувањето од Клиниката на гастроентерохепатологија во кое е наведено дека Јовановски имал хроничен гастритис и оти малигни материјали не биле најдени, по што рече дека судењето ќе продолжи.

Боки 13 на ова реагираше со повишен тон, велејќи дека се врши тортура врз него и оти не бил прегледан од комисија доктори.

Судењето продолжи со презентирање на материјални докази од страна на Обвинителството.

Слични Објави