| |

УТРЕ ХАН ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ-ПОЧНУВА СКРИНИНГ ПРОЦЕСОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија, со што ќе почне скрининг процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Хан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан, ќе се обрати пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.



Слични Објави