КОЛЕВ: ХАЗБИ ЛИКА НЕ ГО ВИДЕЛЕ ВО ВЛАДА А ДУИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ЗАЛАГА ЗА ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ

„ДУИ се наоѓа во таква позиција, што може да наредува на поголемиот коалиционен партнер, бидејќи во последните 15-17 години, не може да се создаде Влада без нивно учество. Замислете само, г. Лика не се појавува на работа, од Влада не знаат како изгледа човекот, а истиот е одговорен токму за рамковните вработувања. Според мене ДУИ само декларативно се залага за македонската евроинтеграција, бидејќи на практика решенијата што ги нуди не можете да ги видите во ниедна европска земја“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ, во емисијата „Отворено студио 1“ на 1 ТВ.