П. КОЛЕВ: ДАЛИ ЗАЕВ БИ ВРАБОТИЛ МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ДА РАКОВОДИ СО НЕГОВИТЕ ПРИВАТНИ ФИРМИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЗЕМЈОДЕЛСТВО?

Кога имате една огромна коалиција, во која треба да се задоволат „апетитите“ на сите коалициони партнери, а истите немаат капацитет да се справат со задачите, се случуваат такви решенија какви што ги гледаме во моментот со реконструкцијата на Владата.

Јас би сакал да го прашам г. Заев, дали во некоја од неговите приватни фирми, кои се занимаваат со земјоделска продукција, би донесол машински инжинер да ги раководи, прашува претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев.