| |

БОЛТОН ОДБИ ДОБРОВОЛЕН РАЗГОВОР ВО ИСТРАГАТА ПРОТИВ ТРАМП

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, не се согласува на доброволен разговор во врска со истрагата за претседателот Доналд Трамп и нема да се појави пред Претставничкиот дом на Конгресот без судски повик.

Комитетите на Претставничкиот дом коишто ја водат истрагата, побараа од Болтон следната недела да се појави и да даде исказ зад затворени врати.

Пратениците сакаат да го слушнат и Болтон откако другите сведоци изразија загриженост од постапки на Трамп во Украина и активностите што следуваа потоа од страна на личниот адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани.

Трамп во септември го смени Болтон од местото советник за национална безбедност.

Слични Објави