ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ПОВРЕДИ ДЕТЕ
Полицијата извести дека вчера во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“, возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник.
Малолетникот здобил тешки повреди, а лекарска помош му била укажана во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
