ПАЦИЕНТ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 НЕ БИЛ ПРИМЕН ВО БОЛНИЦАТА ВО ОХРИД

/

Пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал симптоми на коронавирус, вчера доцна попладне не бил примен на инфективното одделение во општата болница во Охрид. Иако претходно во Струга му биле направени сите неопходни прегледи од рендген снимки до анализи, одлучено било тој да биде транспортиран на инфективно во Охрид, кој е единствен ваков оддел во регионот, објавиАлсат.

Директорот на струшката болница,Мухамед Асани за Алсат рече дека пациентот кој во Охрид бил однесен со болничко возило заедно со неговото семејство два часа чекале пред вратите на инфективно., за на крајот да добијат извештај за транспорт до Скопје.



„Апелирам до институциите и болницата во Охрид,вчерашниот случајот со пациентот од Лабуништа  кој не беше хоспитализиран,да биде последен за да немаме повеќе проблеми.Насоката  која ние ја имаме добиено е сомнителните случаи да се пуштаат на инфективниот оддел во Охрид. Пациентот од Лабуништа чекал околу два часа пред инфективниот одел во Охрид“, вели Мухамед Асани-директор на општа болница Струга.

Претходна статија

АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: ТОПЛОТО ВРЕМЕ САМО ЌЕ ГО ЗАБАВИ ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19

Следна статија

ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА 8 ГОДИШНИОТ ПРАВНУК НА РОБЕРТ КЕНЕДИ

Најново од Вести