ВУЧИЌ НА ИНСТАГРАМ: МОЈОТ СИН ДАНИЛО Е БОЛЕН ОД КОВИД-19
Претседателот на Србија соопшти дека неговиот син Данило е заболен од коронавирус и е примен на Инфективната клиника.
„Кога се започна, мојот син Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заболен од коронавирусот, а клиничката слика му е таква што беше примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака твојот татко, те сакаме сите!“ стои во објавата на Вучиќ на инстаграм.

