| |

ПЕТРОВ ЗА НЕЗАВИСЕН: АНГАЖМАНОТ ВО ПОЛИТИКАТА ГО ДОЛЖАМ НА МОЈАТА ЌЕРКА

„Во животот ништо не е случајно и сѐ се случува со причина. Оние кои ги прочитале моите книги знаат дека јас пред сѐ сум дипломиран политички аналитичар кој ненамерно ја оставил избраната професија на страна и професионално се реализирал во областа на односите со јавност, кои сепак се тесно поврзани.

Не сум зачуден што во овој момент за многумина мојот политички ангажман е изненадување, но силно верувам дека во блиска иднина, ваквите чекори од млади, успешни но пред сѐ, чесни луѓе ќе бидат поттикнати да бидат наша секојдневна реалност.

Во политиката влегувам со една единствена цел – промени. Во политиката влегувам без калкулации, со искрен однос и никакви познавања од играње на задкулисни игри, единствено нешто кое го знам е да донесам резултат од својата работа.

Овој ангажман им го должам на илјадниците сограѓани и сограѓанки што решија да ја напуштат Македонија. Ова и го должам и на мојата ќерка“- вели во интервјуто за „Независен“, PR експертот и потпретседател на владејачката партија СДСМ, Коста Петров.



Слични Објави