| |

БГНЕС: Режимот на Мицкоски му се заканува со 5 години затвор на Љупчо Ѓоргиевски

Претседателот на затворениот бугарски клуб во Битола ,,Иван Михајлов” Љупчо Ѓоргиевски, може да добие до 5 години затвор. Ова го пишува во Обвинителниот акт против него, пренесува БГНЕС.

„Ѓоргиевски е обвинет во ширење на омраза и ксенофобија кон Евреи, Македонци, партизани и најразлични комунистички групи од времето на југословенскиот диктатор Тито. Според обвинителството и режимот на Христијан Мицкоски , Ѓоргиевски ги навредил Евреите, бидејќи во ден Шабат ( сабота) го отворил клубот Ванчо Михајлов кој според локалната пропаганда бил соработник на Мусолини и Хитлер.

Ѓоргиевски на својот Facebook профил го цитирал Ванчо Михајлов и тоа според властите во Скопје е престап. Судските дела против Ѓоргиевски почнаа пред 3 години. Тој е обвинуван за најразлични престапи поради цитирањето на историски факти“, стои во материјалот на БГНЕС.



Слични Објави