МВР: СТРОГО ЗАБРАНЕТ БИЛО КАКОВ ГОВОР НА ОМРАЗА НА ПРЕЧЕКОТ НА НАШИТЕ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ

//

Министерството за внатрешни работи му честита на ракометниот клуб „Вардар“ за освојувањето на титулата европски шампион. Притоа, укажуваме дека радувањето на спортските успеси е неспоиво со говор на омраза, дискриминација и поттикнување на омраза и насилство.
МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на нашите европски шампиони и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што тоа беше направено на синоќешната прослава..
Апелираме до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано. Апелираме до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните, како што тоа беше случај синоќа со една девојка што се здоби со повреди од пиротехничко средство.
Граѓаните кои ќе забележат било какво прекршување на законите да пријават кај полициски службеник или најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192. Ја известуваме јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза и на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук.
На крајот, уште еднаш ги повикуваме граѓаните достоинствено да ги пречекаме хероите од Келн и заеднички го прославиме овој историски успех.





Претходна статија

ЗА ОБЈАВЕНИТЕ СНИМКИ НА ЕЛ ЧЕКА ЌЕ ПОСТАПУВА ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО КИЧЕВО

Следна статија

ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ОДЗЕМЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА СЛУЧАЕН МИНУВАЧ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да