Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и Државната агенција „Архиви“ на Бугарија со заеднички иницијативи
Во Бугарскиот културно-информативен центар се одржа работна средба со првиот човек на бугарската Државна агенција Архиви претседателот доц. д-р Михаил Груев и делегација предводена од самиот него. На средбата беа разгледани можностите за идни заеднички иницијативи меѓу БКИЦ-Скопје и ДА „Архиви“ на Бугарија.
Во фокусот на разговорите беа активности за зачувување и промоција на историското и документарното наследство на Бугарија, како и организација на изложба во Скопје по повод 150-годишнината од Априлското востание.
Средбата постави основа за продлабочување на соработката и за реализација на заеднички проекти насочени кон промоција на различни аспекти од бугарската култура и историја.

