| |

Почина познатата бугарска народна пејачка Јанка Рупкина

Почина познатата бугарска народна пејачка Јанка Рупкина, соопшти Бугарското национално радио. Во март таа беше хоспитализирана во тешка состојба, пренесува БГНЕС.

Рупкина е родена во 1938 година во селото Богданово. Својата кариера ја започнува по победата на народниот собир во Граматиково, по што станува солистка на Ансамблот за народни песни при Бугарското национално радио, каде настапува повеќе од три децении.

Светска слава стекнува како дел од триото „Бугарка“, заедно со Ева Георгиева и Стојанка Бонева, со кое го претставува бугарскиот фолклор низ светот и соработува со уметници како Кејт Буш, Крис де Бург и Џорџ Харисон.

Нејзината изведба на песната „Калиманку, Денку“, обработена од Красимир Ќуркчијски, стекнува меѓународно признание и станува дел од проектите на „Мистеријата на бугарските гласови“.

Нејзиното дело остави траен белег во бугарската и светската музичка култура. Поклон пред нејзиниот спомен.



Слични Објави