| |

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА БУГАРИЈА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ СЕ СРЕТНА СО ЗАМЕНИК ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ЏОН САЛИВЕН

Министерот за одбрана и потпретседател на Владата на Република Бугарија одговорен за безбедноста, Красимир Каракачанов вчера во Софија се сретна со заменик државниот секретар на САД, Џон Саливен. 

Како што јавува бугарското Министерство за одбрана Каракачанов и Саливен разговарале на теми поврзани со Договорот за стратешко партнерство на Бугарија со САД, регионалната безбедност и соработката на двете земји во доменот на безбедноста. Воедно со тоа вицепремиерот за бедност и министер за одбрана Каракачанов го одликуваше својот гостин Џон Саливен со почесниот знак на Министерството за одбрана на Република Бугарија.

Претходно Саливен се сретнал и со бугарскиот премиер Борисов и претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

Слични Објави