| |

МНОЗИНСТВОТО УСТАВНИ СУДИИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ Е НЕУСТАВНА

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка за стопирање на активностите за референдумот.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски, прашањето не е двосмислено и нејасно.

„Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните. А дали бил надлежен Димитров, не е тема на денешната иницијатива и расправа“, рече Костадиновски.

Со сличен став е и судијата Осман Кадриу, кој оцени дека ниту една одредба од Уставот не е повредена со одлуката за референдум и најави дека ќе гласа против предлогот на Гошева.

Судијата Сали Мурати направи споредба со референдумот од ’91 кога истo така, како што рече, имало повеќе прашања во едно и за него не треба да се проблематизира од уставен аспект.

Судиите Влатко Стојановски, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари во дискусијата исто така наведоа дека не треба да се поведе постапка.

Извор: Точка

Слични Објави