ПО БУГАРИЈА ЗАМЕНИК ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД ЏОН САЛИВЕН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА
Заменик-државниот секретар на САД Џон Саливан утре ќе престојува во посета на Скопје. Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата. Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи. Саливен веќе ја посети Софија, каде што се сретна со премиерот Борисов, претседателот Радев и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

