Митева: Наместо да ги зголемат платите, од СДСМ ги омаловажуваат вработените во јавниот сектор

/

СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за се друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните, обвини на денешната прес-конференција, Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, властите немаат слух за вистинските барања и потреби и нема иницијатива која го потврдува спротивното.

„Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за се само не за народот.

Исто така, пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат“, нагласи Митева.



Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може, како што рече, сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.



Претходна статија

Кулеба: Русија води енергетска војна против Европа

Следна статија

Османи: Формално не е добиен француски предлог како можно решение за блокадата од Бугарија

Најново од Вести