ДАРКО ПОПОСКИ (ГДУ): ИЗВРШИТЕЛИТЕ ЈА СПОНЗОРИРААТ ВЛАСТА НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ
„ Извршителите на грбот од граѓаните ја спонзорираат власта. Министерството за правда не ги санкционира незаконитостите што ги вршат извршителите“- објави на својата официјална facebook страна портпаролот на Граѓанско Демократска Унија, Дарко Попоски.
Попоски во понеделникот беше гостин во емисијата „168 Анализи и коментари“ на штипската телевизија ТВ Стар, и една од темите за што се разговараше беа токму извршителите.
Погледнете го видеото што го сподели гласноговорникот на ГДУ на својата facebook страна.
