| |

Зеленски, Стармер и Макрон потпишаа декларација за безбедносни гаранции за Украина

Декларација за намера, поврзана со распоредувањето на мултинационална сила во Украина по евентуално прекинување на огнот, потпишаа францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува БГНЕС.

„Денес постигнавме значителен напредок, отсликан во Париската декларација, која обезбедува силни гаранции за траен мир. Оваа декларација на коалицијата на подготвените за првпат признава оперативно зближување меѓу 35-те држави од коалицијата, Украина и Соединетите Американски Држави. Станува збор за солидни безбедносни гаранции“, изјави Макрон по средбата на сојузниците.

Слични Објави