П. КОЛЕВ: НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ СО КАКВИ ИДЕИ СИ ТИ?
Народе македонски со какви идеи си ти? Доста беше, разбуди се, свести се, не спиј ТИ!
Обвинетите пратеници Фросина Ременски и Илија Димовски и осомничениот Антонијо Милошоски на денешната јавна расправа за состојбите во правосудството во Собранието.
На јавната расправа во Собранието за состојбите од правосудниот систем, а која треба да даде насоки за носење на Законот за Јавно обвинителство, во првите редови седнаа обвинетите пратеници Илија Димовски, Трајко Вељаноски, Ејуп Алими, Фросина Ременски, осомничениот Антонијо Милошоски и други.
За тоа како треба да функционира борбата против криминалот и корупцијата придонес ќе дадат и амнестираните за 27 април, Крсто Мукоски и Жаклина Пешевска, стои во објавата на официјалната facebook страница на Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија.
