ИТАЛИЈА ЌЕ СПРОВЕДЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ

/

На 29 март Италија ќе спроведе референдум за уставна реформа, на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат дали се за намалување на бројот на пратеници во Парламентот, јави ДПА.

Според предложената реформа, бројот на членови во Долниот дом ќе биде намален од 630 на 400 лица, а бројот на сенатори во Горниот дом ќе се намали од 315 на 200.

Редуцирањето на бројот на народни избраници во дводомниот Парламент ја има поддршката на Движењето „Пет ѕвезди“ и на левоцентристичката Демократска партија, која исто така е дел од владината коалиција.





Претходна статија

ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НУДАТ МОЖНОСТ ЗА ДОЛГОРОЧЕН И СТАБИЛЕН РАЗВОЈ

Следна статија

ВО ЖИВО: ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Најново од Вести