Бугарскиот претседател Румен Радев се сретна со неговиот австриски колега Александар ван дер Белен
Вториот ден од програмата на бугарскиот претседател Румен Радев во ОН започна со средба со неговиот австриски колега Александар ван дер Белен во Њујорк, јавува БТА.
Австрија е неизбежен фактор за пристапување на Бугарија во Шенген зоната. Засега Виена продолжува со противењето за членство на Бугарија во зоната за слободно патување без внатрешни граници.
Шефот на државата денеска има уште две билатерални средби – со премиерот на Ирак, Мохамед Шија ал Судани и со претседателката на Молдавија, Маја Санду.
Радев вечерва ќе биде на приемот што американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден го приредуваат во чест на шефовите на држави и нивните сопруги по повод 78. заседание на Генералното собрание на ОН.