Габриел за годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Бугарија и САД: Обединети сме од заедничките вредности и заедничката визија за иднината
Обединети сме од заедничките вредности, принципи и заедничката визија за иднината на меѓународниот поредок заснован на правилата. Ова го напиша вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел во платформата „Х“ по повод 120-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Бугарија и САД, што се одбележува денеска, јавува БТА.
„Стоиме заедно за благосостојбата на луѓето и нашите евроатлантски односи“, напиша уште Габриел.