| | |

Тагарев: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во согласност со нашите можности

„Бугарија ќе ja продолжи својата поддршка за Украина, и истата ќе биде во согласност со нашите можности и правни процедури“.Ова го изјави министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев на редовниот состанок на Контакт групата за давање одбранбена помош за Украина, јавува БГНЕС.

Форумот се одржа денеска во Рамштајн, Германија, а домаќин беше американскиот секретар за одбрана. На форумот присуствуваа министри за одбрана, претставници на политичкото и военото раководство на земјите сојузнички и партнери, како и на НАТО и ЕУ. Во бугарската делегација беше и началникот на одбраната на Бугарија адмирал Емил Ефтимов.

Министерот Тагарев во својот говор ја истакна солидарноста и ја потврди поддршката на Бугарија за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина и за нејзината европска и евроатлантска иднина.

„Бугарија е подготвена да го поддржи закрепнувањето на Украина“, посочи тој. Се разгледуваат и можностите за дополнителен придонес во коалициите кои се формираат во рамките на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина.



Слични Објави