| |

Невладини организации на македонските Бугари со реакција до државниот врв во РС Македонија по претепувањето на секретарот на здружението „Цар Борис III“ Христијан Пендиков

„Очигледно е од вашето однесување дека „молкум„ сте согласни со секојдневните напади, навреди, инсинуации, медиумските хајки и институционалните пречки…и конечно, физичките напади кон лицата кои и припаѓаат на заедницата на Македонските Бугари. неретко на удар се и сосема аполитични граѓани кои едноставно се нашле на „патот пред псевдопатриотите„

Наша оценка е дека токму вам ви одговара оваа атмосфера на несигурност поради вашата некомпетентност, па во недостиг на позитивни резултати во доменот на вашите обврски, посегнувате по старите и познати според „резултатите„ мерки од минатото – мораме да си ја одбраниме земјата!

Еден од тие „резултати„ го видовме вчера во Охрид. И некои од вас беа таму, сите „богобојазливи и исполнети со мир“.

Сакаме да истакнеме дека иако токму поради вас имаме длабока резерва во професионалноста на институциите со кои раководите, ние нема да оставиме на „времето да ги реши проблемите„ туку сериозно ќе се заложиме за правото на личната безбедноста, домот и сопственоста.

Бидете уверени дека ќе побараме помош и поддршка од меѓународните организации чиј фокус се човековите права и слободи. И верувајте, ќе бидат опширно запознати со вашето поимање на истите во Република Северна Македонија“, се вели во писмото потпишано од здруженијата:

Македонско-бугарско пријателство Скопје

Коридор 8 Скопје

Трибуна Прилеп

Фондација Единство Кочани

Здружение Интеракција Охрид

Културен центар Иван Михајлов Битола

Здружение на граѓани Цар Борис III Охрид

Здружение Југ Прилеп

Здружение Дело Скопје



Слични Објави