| |

Во БКИЦ-Скопje се одржа литературна средба меѓу членовите на програмот ,,Skopje fellowship ” и претставници на Асоцијацијата на издавачи на РС Македонија

Вчера во отворената галерија на Бугарскиот културно – информативен центар се одржа литературна средба меѓу членовите на програмот ,,Skopje fellowship ” и претставници на Асоцијацијата на издавачи на РС Македонија.

Г-ѓа Антониа Велева директорка на БКИЦ- Скопје ги поздрави присутните гости , дел од програмата ,, Skopje fellowship ” во рамките на меѓународниот проект ,,Читај, споделувај, уживај”.
Програмата ,, Skopje fellowship” во рамките на меѓународниот книжевен фестивал ,,ПРО-ЗА Балкан 2023″ е фокусирана врз странски издавачки куќи, директори на фестивали, програмски менаџери, книжевни агенти и извидници, кои се гости на овогодинешниот фестивал. Претставник на Бугарија е г-ѓа Жаклин Толева од издавачката куќа ,,7 зраци”.

За БКИЦ како партнер на еден од најпрестижните книжевни фестивали а имено меѓународен книжевен фестивал ,,ПРО-ЗА Балкан 2023″ беше огромна чест да предостават време и место за размена на професионални идеи и мислења на познати имиња од познати светски книжевни фестивали и да придонесе за популаризирањето на книжевноста и обединувањето на писатели и културни дејци со нивни колеги во Европа и светот, стои во соопштението на БКИЦ Скопје.



Слични Објави