|

Небиу: Со минишенгенот добива Србија и спрската хегемонија на Балканот

Северна Македонија и Албанија ја прифаќаат идејата на спрпскиот претседател Александар Вучиќ за миниспенген затоа што владите во Скопје и Тирана ја изгубиле европската агенда и имаат потреба за нова приказна која ќе им даде резултати на краток рок, вели граѓанскиот активист Бесим Небиу, во интервју за порталот zoom.mk.

Небиу смета дека проектот за слободна економска зона меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија нема да биде заедница на рамноправни членки и затоа Заев и Рама не треба да се брзаат да ја поддржат таа иницијатива.

„Предлогот е да се направи некоја форма на мини Југославија, бидејќи бившата Југославија ги имаше сите овие четири слободи, во која ќе се вклучат сите земји од бившата Југославија без Словенија и Хрватска и ќе се додаде Албанија.  Кој добива во зона на заеднички пазар? Најмногу добива таа земја што има најсилна економија, таа што има поразвиено производство, што има поразвиен пазар на капитал, а која е таа земја, тоа е Србија. Таа остварува трговски суфицит со сите соседи, дури и со Косово, кое не го признава“, тврди Небиу во интервјуто.

Тој смета дека Србија ќе биде хегемон на минишенгенот во која одбиват да влезат земји што во блиско минато биле под директна политичка власт на Србија, како што се Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

„Северна Македонија и Албанија повеќе би изгубиле откаолку што ќе добијат во таква комбинација. Не е проблем само отврањаето на слободната трговија, не е тука проблемот, меѓутоа, во случајот имаме многу други политички импликации влегувајќки во група во која е доминантна србија и српскиот модел. Ниту Албанија ниту Македонија имат придобивка да влерзат во тоа заедница, посебно што Србија не го признава Косово“, истакнува Небиу.

Споре него, влегување во заедница со Србија каде на власт е автократот Вучиќ уште повеќе ќе ја оддалечи Скопје и Тирана од Европската Унија.

„Во Србија има власт која е многу силна. Победува на сите избори без сериозна опозиција, затоа што ги контролира медиумите, го контролира целосно наративот и тој потсетува на девеесетите години. Од сегашна перспеткива ова власт е етноцентрична, етатистичка,  проруски ориентирана, е критична кон демократија, кон Западот и Америка. Повреемено воинствена со разни шоуменски елементи, со кои се обидува да созде емпатија кај народот за тоа колку е пожртвувана таа власт  како обезбедубва економски напредок за Србија“, објаснува Небиу.

Освен тоа, додава Небиу, дополнителен проблем за влегување во таква заедница е што Вучиќ се меша во внатрешни работи на соседни земји, како што се Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина и работи на нивна дестабилизација со цел да го шири руското влијание во регионот.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави