| |

Европска ноќ на музеите во Благоевград

Со отворање на изложбата „Мисија бугарски дизајн“, музички настапи и забави, Регионалниот историски музеј во Благоевград ќе ја одбележи иницијативата Европска ноќ на музеите за деветнаесетти пат по ред, јавува Пиринско.

Настаните ќе започнат утре, а влезот за сите посетители ќе биде слободен.

Во програмата се вклучени настапи на фолклорната група „Бисери“ од Центарот за личен и креативен развој – Благоевград, како и претстава на Куклен театар „ЗаЗу“. Од музејот информираат дека за малите посетители се подготвени забави поврзани со изложба, уметничко ателје и работилница за народни танци.



Слични Објави