Александар од Југославија (1)

//

Пишува: Иво Иванов, новинар во Бугарското национално радио

Србија, во 2018 година се наоѓаше на бранот на херојска пропаганда во чест на 100 -годишнината од крајот на Првата светска војна. Токму тогаш таму беше објавен романот „Александар Југославија“. Авторот е контроверзниот политичар, но инаку талентиран писател Вук Драшковиќ. Многу брзо, за две години, режисерот Здравко Шотра пишува сценарио за серија од 15 епизоди. Во 2021 г. се случува премиерата, а серијата е достапна за гледање и во интернет.
Основната задача на овој проект од големи размери е да се пресоздадат преку јазикот на киното годините на владеење на принцот-регент, а потоа и на кралот Александар од 1918 до 1934 година. Од насловот е јасно дека главниот протагонист е српскиот владетел, кој по „голготата“ на Србија во Првата светска војна се откажува од идејата за Голема Србија и се обидува да ја спроведе во својата визија за Југославија на Србите, Хрватите и Словенците.

Во оваа нова империја, на босанските муслимани им е дадена улога на статисти, кои треба да бидат потпора на големосрпските амбиции на големиот на главниот лик. Во филмот, овој поглед е илустриран преку ликот на сараевскиот политичар Мехмед Спахо.

Црногорците се претставени како стари Срби кои со шекспировиот братски антагонизам не ја сфаќаат големината на историскиот момент. Црногорските патриоти се обидуваат да го запрат раѓањето на посакуваната Југославија со бунт во одбрана на нивната стара државност. Се разбира, душата на Александар страда од новиот масакр, но тоа не го спречува да нареди да се пука по неговите бунтовни поданици. Како и секој политички криминалец, принцот Александар е убеден дека историјата ќе го оправда за насилството, и нема друг избор освен да преземе морална одговорност. Денес, Драшковиќ и Шотра не се осмелуваат отворено да му го дадат ова историско оправдување. Гледачот останува сам да се прашува дали има промисла во историјата, иако посебно во балканската таква промисла недостасува. Можеби поради оваа промисла, империјата родена во крв од почетокот била предодредена да загине во крв, како што се случи по 1992. Проблемот останува дека зад секоја акција не стои само Божјата промисла, туку и човечкиот мотив воден од мисли, емоции и интереси. Не очекувајте серијата да одговори на овие основни детали. Наративот е хронологизиран и сложено распореден според аршинот на главниот протагонист.

Во текот на целата серија, Албанците се удостоени со една недоискажана сцена. Тие се прикажани како намуртени, мрачни типови кои грубо не сакаат ни да го поздрават својот владетел, кој им дошол на нозе на Косово за да види како се зајакнува фортификацијата на границата со Албанија.
Поради модерната историзација на нарацијата, никаде нема да видите навестување дека денешната Северна Македонија и тогашните Македонци во кралска Југославија биле прогласени според логиката ма „Па шта си ти“ за стари Срби. Токму од тие стари Срби преку терор систематски се брише секаков тип на бугарштина. Сите противници на српскиот терор, се прогласени за терористи и непријатели на Александар од Југославија. Случајно, од контекстот на турбулентниот парламентарен живот прикажан во Александровската држава, разбираме дека во Санџак, Косово и Македонија има масовно гласање за Комунистичката партија без никакво знаење за комунизмот таму. Гледачите се поштедени од вистината дека прокомунистичкото гласање било инспирирано од меѓународните лакрдии на болшевиците. Бугарите, Албанците и муслиманите гласаат за комунистите затоа што немаат право да ги регистрираат своите политички партии и се лишени од представништво.

Во текот на серијата, Бугарите и Бугарија се прикажани во негативното светло на тероризмот. Тие се крволочни соседи кои терористички сакаат да го одземат патот на Србите до Солун и да го уништат светиот мир во Версај од 1919 година. Направен е комичен исклучок. Во петтата епизода се појавува бугарскиот самозаборавен земјоделски диктатор Александар Стамболиски. Бугарскиот селански крал е комичен лик кој Никола Пашиќ го носи за рака кај кралот за да се заколне со пена во устата и жар во очите за мир и словенско братство. Нема ни збор за тоа дека диктаторот безусловно ги предава Бугарите во Македонија на српското самоволие и терор. Веќе во следната епизода, е прикажано како Александар Стамболиски е убиен од бугарската војска. Но, дивите Бугари прво му ја отсекуваат раката на Стамболиски со секира бидејќи го потпишал Нишкиот договор. Без разлика дали се работи за мрзливо незнаење или свесна желба да се дискредитира се што е бугарско, но во епизодата е прикажано дека егзекуцијата врши бугарската војска. Можеби авторите не сакале да покажат дека егзекуцијата е дело на македонските комити. Искрено, тие навистина имале за што да му се одмаздуваат на самозаборавениот бугарски селански крал, кој и самиот стигнал до таму, да биде соборен со воен удар, поддржан од сите страни, вклучително и од бугарските комунисти.

Барем во првите две епизоди, чесно е прикажано дека во 1919 година во Париз не биле потпишани мировни договори, туку биле изречени казни за губитниците. Долго и детално е прикажано на оригиналните јазици како југословенската делегација ги одбива аспирациите на Италија, која тогаш самата се нарекува „поразена меѓу победниците“. Не е кажан ниту збор за поткупот даден на француски и светски медиуми од српската и грчката делегација. За тоа како Белград и Атина плаќаат за написите што ги клеветат и оцрнуваат Бугарите и Бугарија. Ова денес се нарекува ширење на лажни вести и станува јасно дека не се практицира од вчера- Vae victis.

Бугарите сепак се прикажани во далеку подобро светло во споредба со главните кралски и југословенски антагонисти – Хрватите. По изглед, лидерот на Хрватската селска партија, Степан Радиќ, е пресоздаден што е можно поблиску до неговиот физички изглед. Но, политиките и мотивациите на Радиќ, како и на неговиот наследник, Владимир Мачек, се прикажани погрешно, тенденциозно и еднострано, само според големосрпскиот наратив. За да се зајакне критичноста кон Хрватите, на моменти Радиќ и Мачек се представени како карикатурни ликови.

Во серијата има интересна забелешка – Хрватите, Словенците и етничките групи од Војводина бараат во новата Југославија да остане во сила австро -унгарското законодавство. Зошто? На бугарски тоа би звучело така: „да ти се погоди поробувачот“. Односно, оние странски владетели и империи што владеат со вас или пак вие дозволувате да владеат со вас да нудат повисок цивилизациски модел како култура, економија, начин на живот и стопанство. Во овој аспект, Бугарите, Србите, Грците, Албанците, Влашко и Молдавија не случиле на поробувачи. Проблемот на Османлиската Империја е дека во текот на своето постоење никогаш не понудила повисок цивилизациски модел за развој, а носители на каква било обнова и модернизација во султанатот биле поробените народи. Ова им овозможува во една или друга форма, кој порано, кој подоцна, да востанат и да се ослободат со помош на меѓународните фактори.

Во 1919 година, Србите не даваат повисок цивилизациски модел на новопокорените народи што им биле доделени во Париз. Затоа „поразените“ во Југославија сакаат барем хабсбуршки закони. Србија не е ниту Австрија, ниту Пиемонт. Од оваа противречност се раѓа трагичноста на Александар како историски лик. Перцепциите и надежите на Александар за Југославија фатално се оддалечуваат реалноста. И покрај сиот негов француски гламур, владетелот не е некој југословенски Дон Кихот. Александар останува балкански лик, големосрпски националист кој, секогаш кога не може да се договори со народите што му се доделени во неговата лична империја, е подготвен да ја извади сабјата на Караѓорѓевиќите за да им ја покаже вистинската насока. Оние кои не ја следат „вистинската насока“ се насочуваат преку средства кои воопшто не се мирни или демократски.
По 1945 година, обновениот модел на Југославија, преоблечен во потурите на титовистичкиот комунизам и на меѓународното братство и единство меѓу југословенските народи, исто така беше осуден на пропаст. Откако еднаш ќе се пролее крв, таа секогаш излегува на површината. Ова крварење од старите рани ги претвора инаку разумните луѓе во осудени, диви историски животни кои ја следат само нивната сопствена приказна и модел од минатото. Тие не се заинтересирани за реалноста и повторно тонат во трагични судири помеѓу желбата и реалноста. Денес, српската желба е ограничена до идејата за „српски свет“. Оваа нова „небесна Србија“ уште еднаш ги тера сите балкански народи да треперат, да бидат на штрек и да се молат да не се случи најлошото. Стравот е толку голем што се молиме дури и кога ја гледаме најновата српска историска серија.



Продолжува…



Претходна статија

Небиу: Со минишенгенот добива Србија и спрската хегемонија на Балканот

Следна статија

Грдев од ИТН: РС Македонија да го спроведува Договорот, Бугарија не поставува нови услови

Најново од Истакнато