РАБОТНА ГРУПА СО НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ
Конечната одлука за тоа кој од СДСМ ќе биде на листата за пратеници, ќе биде донесена на Конгрес.
Ова во интервјуто за МИА го потенцира генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој истакна дека веќе се почнати постапките за избор на кандидати за пратеници, напоменувајќи дека имањата на кандидатите ќе стигнуваат од базата, од месните и општинските одбори, од Извршниот одбор и Градската организација, но постои и можност и за самокандидирање.
Она што е новитет е тоа што првпат се формира работна група во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти од различни области. Таа комисија ќе состави ранг листа на кандидатите за пратеници по претходно строго утврдени критериуми од страна на раководството на партијата.