ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО ОЏАЦИ КАКО МЕРКА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

/

Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата во износ од 2 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.



Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.

Претходна статија

РАБОТНА ГРУПА СО НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ ОЦЕНУВА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ

Следна статија

ТУСК: БРИСЕЛ ЧУВСТВУВА ЕМПАТИЈА ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ШКОТСКА КОН ЕУ

Најново од Вести