|

МИЦКОСКИ: НЕ БАРАМЕ АМНЕСТИЈА, БАРАМЕ ПРАВДА

ФОТО: Независен весник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по контроверзната средба со претседателот Стево Пендаровски , порача дека не дошол тука да моли и да бара амнестија, туку да бара правда, пренесува Независен весник. 

-Наидов на разбирање од претседателот Пендаровски дека она кое што е реалност поврзано со настаните од 27-ми април е тоа што основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата кои што се осудени во моментот е завршено и за жал најголем дел од нив ја немаат добиено одлуката за да можат да искористат вонреден правен лек и врз основа на новите информации кои ги имаат адвокатските тимови, да се обратат до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права, рече тој.

Мицкоски порача власта да ги тргне рацете од судиите и обвинителите за тие да судат според закон и Устав.

-Тоа што јас го барам и го кажав на оваа средба не е милост и амнестија, туку правда преку дополнителни докази кои бранителите на овие лица ќе можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права. Не постои основа овие луѓе да бидат обвинети за терористичко однесување или напад на уставниот поредок на државата, истакна Мицкоски.  Тој најави дека со Пендаровски се договориле вакви средби да одржуваат и натаму околу крупни теми.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави