| |

Рапсодија „Вардар“ звучеше на концертот на легендарната рок група Deep Purple во Софија

Легендарната рок-група „Deep Purple“ во вторникот 29 октомври одржа концерт пред околу 15.000 фанови во исполнетата сала „Арена 8888 Софија“, со што ја започна европската турнеја, пишува 24 часа.

Фронтменот Ијан Гилан (81), заедно со Роџер Гловер (80) и Ијан Пејс (78), речиси два часа изведуваше песни од 58-годишната историја на групата, меѓу кои „Smoke on the Water“ и „Black Night“, како и композиции од новиот албум „SPLAT!“.

Посебен момент на концертот беше солото на клавијатуристот Дон Ејри, кој ја изведе бугарската химна „Мила Родино“, како и рапсодијата „Вардар“ на познатиот бугарски композитор Панчо Владигеров.

„Ви благодариме! Вие сте прекрасна публика, импресионирани сме од вас“, изјави Гилан на крајот од концертот.

По настапот во Софија, „Дип Парпл“ ја продолжува турнејата со концерт во Романија.

Слични Објави