ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ ЈА УСВОИ ПРЕГОВАРАЧКАТА ПОЗИЦИЈА ЗА “КОВИД ПАСОШИТЕ“

/

Европскиот Парламент ја усвои својата преговарачка позиција за дигиталните зелени сертификати кои треба да овозможат повторно непречено патување во ЕУ. 

Сега веќе можат да почнат преговорите со другата одлучувачка институција на ЕУ – Советот. Европарламентот е на став дека овие зелени сертификати треба да бидат универзално достапни и дека тестирањето за Ковид-19 треба да биде бесплатно за луѓето кои сакаат да патуваат, и смета дека земјите членки не треба да воведуваат карантин за лицата што поседуваат ваков сертификат.



За европратениците кои ја усвоија преговарачката позиција со огромно мнозинство, важно е земјите членки да внимаваат на недискриминација на граѓаните. Во ЕУ интензивно се работи  на дигиталните зелени сертификати со кои ќе се укинат рестрикциите за патување внатре во ЕУ, акои треба да бидат функционални пред летото во сите 27 земји членки.

Претходна статија

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: НА ТАЈНАТА ВЕЧЕРА

Следна статија

МИЦЕВСКИ: НИШТО ОД ПОТПИШАНОТО СО „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“ НЕ Е РЕАЛИЗИРАНО

Најново од Вести