|

МИЦЕВСКИ: НИШТО ОД ПОТПИШАНОТО СО „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“ НЕ Е РЕАЛИЗИРАНО

Проектот за изградба на домови за стари лица во Битола не е реализиран заради локалните власти, изјави бизнисменот Силјан Мицевски на вкрстеното испрашување од страна на обвинетиот Бојан Јовановски на денешното судско рочиште на процесот „Меѓународен сојуз“.

– Земјиштето во Битола, е во сопственост на фирмата, не е моја лична сопственост. Тоа го купив во јавен оглас. Комуналите беа платени. Јас сум убеден дека нереализирањето во Битола, е заради локалните власти – изјави сведокот Мицевски, пренесе Плус Инфо.

Во продолжение на својот исказ тој рече дека Владата во ниту еден момент не пружила помош за реализација на овој проект.

– Од ветувањата дека Владата ќе направи нешто, немаше ништо. Ако е владин проектот требаше заеднички да го тераме. Договорот што го потпишавме не е реализиран, ниту се обезбедени документи, дозволи, ниту парите се вратени – одговори Мицевски.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави