КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ АПЕЛИРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРИ ПРОСЛАВАТА НА ВЕЛИГДЕН

/

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи апелира до сите граѓани во текот на празничните денови дадената можност да прославуваат со олеснети рестриктивни мерки да ја разберат исклучиво низ призмата на зголемување на личната одговорност во примената на заштитните средства.

-Апелираме во храмовите и надвор од нив верниците задолжително да носат заштитна маска и да одржуваат дистанца. Сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави на опасноста на вирусот и неговите последици. Исто така поголемите собири во домовите и викенд локациите поради прославување на празникот се со висок ризик, се вели во соопштението од Комисијата.



Оттаму апелираат на доследно почитување на сите мерки изречени од здравствените власти и сериозен пристап.

Претходна статија

МИЦЕВСКИ: НИШТО ОД ПОТПИШАНОТО СО „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“ НЕ Е РЕАЛИЗИРАНО

Следна статија

ЗАЕВ: ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ ПОЛЈАНИТЕ, НО ДА ИЗБЕГНЕМЕ ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ

Најново од Вести