|

ЗАЕВ: ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ ПОЛЈАНИТЕ, НО ДА ИЗБЕГНЕМЕ ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција уште еднаш апелираше да се почитуваат препораките на надлежните институции во пресрет на велигденските празници.

Исто така, тој додаде дека за време на празниците ќе биде во родната Струмица заедно со семејството и советуваше да се тргнеме од гужвите.

„Оваа криза како од шега ги одзема човечките животи. Доаѓаат убави, сончеви денови. Треба да ги исполниме полјаните, но да ги избегнеме затворените објекти. Можеме свеќа да запалиме пред зграда. За време на сите претстојни празници да се тргнеме од гужвата, да држиме дистанца. Празниците ќе ги поминам на ридовите во Струмица“, истакна Заев.

Слични Објави