| |

До средината на годината: Одлука за целосна интеграција на Бугарија и Романија во Шенген

Белгиското претседателство со ЕУ и сите земји членки до средината на годинава ќе донесат одлука за целосна интеграција на Бугарија и Романија во Шенген. Ова се наведува во нацрт-резолуцијата за која се очекува денеска да се гласа во Комитетот за петиции на Европскиот парламент, јавува БНР.

Документот е посветен на проблемите за управување со тешки товарни возила на граничните премини во областа на слободното движење.

Во документот се нагласува дека одлуката на Советот на ЕУ од крајот на минатата година за прием на двете земји во Шенген само по воздушен и воден пат од 31 март, само делумно ги решава нарушувањата на Заедничкиот пазар, но не и најголемиот проблем – проверките на копно.

„Европската комисија континуирано повторува од 2011 година дека двете земји ги исполниле сите технички критериуми за нивно пристапување во Шенген“, се потсетува во петицијата.

Во документот се нагласува дека продолжувањето на контролите на внатрешните граници ги нарушува финансиските интереси на сите земји-членки.

Таа, исто така, ја повикува Комисијата да предложи веднаш обврзувачки правни мерки за воспоставување европски стандарди за обработка во просек од една минута на внатрешните граници на Заедницата.

Слични Објави