| |

Светиот Синод на БПЦ избира претседавач кој ќе биде одговорен за изборот на новиот бугарски патријарх

На седница на Светиот синод на Бугарската православна црква денеска се очекува да биде избран претседавач, кој ќе биде одговорен за избор на нов патријарх во следните 4 месеци, јавува БГНЕС.

На функцијата патријарх можат да бидат избрани 9 од 13 митрополити. Според статутот на БПЦ, тие мора да наполниле 50 години и да биле митрополити најмалку 5 години. Доцна синоќа, митрополитот пловдивски Николај објави дека нема да се кандидира за патријарх.

Својата одлука дедо Николај ја соопшти во обраќање до мирјаните, објавено на веб-страницата на Пловдивската епархија. Епископот беше сметан за еден од фаворитите за наследник на починатиот патријарх Неофит.



Слични Објави