ХРВАТСКА: ОРГАНИТЕ НА ПОЧИНАТОТО ПРЕТЕПАНО ДЕВОЈЧЕ ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО АВСТРИЈА И УНГАРИЈА

//

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош потврди дека органите на двегодишното девојче кое почина од последици од тепањето ќе бидат донирани.

„Постои одредена утеха дека девојчето ќе го најде својот мир во вечноста и дека со трансплантација на органите ќе им даде живот на другите“, објави Берош.

Директорот на загрепската болница „Клаиќ“, Горан Роиќ, пред новинарите утрово изјави дека природата на повредите била претешка.

Роиќ исто така рече дека успешно е извршена сложената постапка за донирање органи.

Тој за хрватскиот јавен сервис ХРТ рече дека нејзините органи ќе бидат донирани во Австрија и Унгарија, потсетувајќи дека Хрватска е членка на „Еуротрансплант“.

Инаку, пред загрепската клиника за детски болести граѓаните од синоќа палеа свеќи и оставаа цвеќиња и кадифени играчки во спомен на починатото две и полгодишно девојче, кое почина вчера.



Девојчето беше пренесено од Нова Градишка во Загреб во средата поради тешки повреди на главата.

Полицијата утврдила дека нејзината мајка ѝ нанела повреди.

На родителите на девојчето им е одреден притвор од еден месец, објавија хрватските медиуми.

Мајката (24) е првообвинета и се соочува со затворска казна од три до 15 години. Неофицијално, таа со тупаници го удирала девојчето по главата.

Таткото (27) е обвинет за занемарување и злоупотреба на сите четири деца и се соочува со затворска казна од осум години.

Претходна статија

СЕДУМ ЛЕКАРИ ОД „СИСТИНА“ И „РЕМЕДИКА“ ЌЕ ЛЕКУВААТ КОВИД-ПАЦИЕНТИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, „ЖАН МИТРЕВ“ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА

Следна статија

ХАСАНИ: МЕРКИТЕ СЕ РЕСТРИКТИВНИ, НО ИМАВМЕ ДВА ИЗБОРА ИЛИ ДА СЕ ОГРАНИЧИМЕ ИЛИ ДА СЕ ЗАТВОРИМЕ ЗА БАЈРАМ И ВЕЛИГДЕН

Најново од Вести