| |

Бугарија забрани влез на нејзина територија на двајца руски шпиони

Бугарската безбедносна служба ДАНС им забрани влез на руските државјани Владимир Горочкин и Татјана Горочкина, бидејќи за двете лица има податоци дека работеле против безбедноста на државата, јавува БГНЕС.

Познат е периодот во кој двете лица престојувале на територијата на Република Бугарија, претставувајќи се за бугарски државјани и користејќи лични документи со имињата Денис Рашков и Дијана Рашкова .

Според добиените податоци Горочкин и Горочкина имале задача да добијат бугарски документи и потоа истите да ги користат за шпионски активности надвор од територијата на Р. Бугарија.



Слични Објави