БЕЗ ИЗВИНУВАЊЕ

Да даде Господ на сите премиери да раководат со земја како Македонија… све ни е средено, па на Заев му текна да ја брани Тамара за утката со химната…

Тамара денеска се извини, а вчера се извинуваше Рашковски. Латас и неговите браќа ги пуштија без да им бараат извинување. Граделе во минато време, а во законот гради е во сегашно, како што вели адвокатката. Боља причина да се спаси Началничето… амин!!!

Миле со право почна штрајк со глад, како што тргна работава од фацките во одела, што се возат во службени скапи коли и ги боли кур за тоа колку исправни амбулантни возила има во земјата, ќе си лежи само тој. Бетка нема да лежи, Крсто не само што нема да лежи, ами и во делегации почнаа да го редат, а последно што прочитав, Сеад немало да оди во затвор пошо имал работа. И Гордана има обврски, таа си го гледа детето, тешко дека ќе заглави у ќорка.

Миле го ставија во еден ќуп со Јане Ченто и останатите искористени „уставобранители“. Јане го реметеа да пишуе писма со повици до членството на ДПМНЕ да гласа за Сиљановска, а пак Миле е во режим искочи-влези според ситуацијата. Толкава е небулозата околу него што дури полицијата отиде да го бара дома, а тој веќе беше притворен.

Денеска пак, ги избришале сите песни на Тамара од хард-дискот со архивата на Радио Кавадарци. Рајата се радува: „Така и треба на предавничката…“

Истата раја кур не и чуе дека тие во оделата си играат мајтап со државата. Мислат дека Мицко ќе биде нешто поразличен од Зајко. Да ве потсетам дека и за Зајко мислеа дека ќе биде нешто поарен од маџарската побегуља ама ништо…

За таа држава со која, кој не стигна не си направи скеч, Гоце си го даде животот курбан. Срам немате и јадете трици за тоа каков бил тој, додека пред ваши очи се мочаат врз неговото дело.

Автор: Атанас Величков