Градот Симитли ја одбележа 187-та годишнина од раѓањето на Васил Левски
На 18-ти јули, Бугарија ја одбележува годишнината од раѓањето на Апостолот на слободата Васил Левски. Денеска жителите и гостите на градот Симитли во Бугарија ја одбележаа годишнината со поворка и положување на венци и свежо цвеќе пред споменикот на Васил Левски во градот, јавува Симитли.инфо.
Децата на Симитли преку стихови посветени на Васил Левски раскажуваа за животот и делото на големиот Бугарин и ја покажаа својата почит кон Апостолот на слободата. По повод годишнината од раѓањето на Васил Левски, градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов и претседателот на Советот на општина Симитли Вилимир Александров положија венец пред бистата на Ѓаконот, која се наоѓа во спомен паркот на град Симитли.
Цвеќе положија и децата од детската градинка „Радост“ – град Симитли, како и децата од ДЦМУ „Сончев ден“ – град Симитли, кои секогаш ќе се сеќаваат на заветите на Левски. На незаборавниот настан учествуваа вработени во општинската администрација – Симитли, градоначалниците на населените места во општината, јавни личности, жители и гости на градот, исполнувајќи ја својата должност – да се сеќаваат и да го пренесат на следните генерации споменот за бугарските херои , со чија крв е натопена нашата земја!
Галерија од настанот можете да видите на следниот линк.