|

Филов-Памер: Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската унија

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер.

Се дискутираше за билатералната соработка на двете држави, заедничките проекти и планираните реформи во правосудството.

Во наредниот период се очекува започнување  на активностите во договорени сфери на интерес кои произлегуваат од меморандумот кој пред една година го потпишаа министерствата на двете држави за зајакнување на соработката во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право, борбата против корупцијата, дигиталзиацијата    на правосудството.

На денешната средба договорено е  да се интензивира соработката со Австрија чии  искуства и знаења  ќе бидат од голема помош за нашата држава во процесот на спроведување на реформи и борба против корупцијата.



Слични Објави